Дали вашиот веб сајт има лоши перформанси? Слабо сте ранкирани на Google? Book your audit now

Дел од работата со нашите клиенти.

Дознајте повеќе како нашата работа им помогна на нашите клиенти, без разлика на секторот.

CyberOne.

CyberOne е водечка компанија за сајбер безбедност која што нуди на своите клиенти подобрена сајбер безбедност, забрзано откривање и одговор, преку наградувани решенија.

Тип на бизнис: Business-to-business
Тип на веб страна: Corporate & LeadGen
Линк: cyberone.security
Искористени услуги:

Овој ценет клиент ни пристапи сакајќи да ги покаже своите партнерства со водечки компании како Microsoft, Okta и KnowBe4.

Тимот на CyberOne знаеше дека беше потребно комплетно ребрендирање за да ја стави компанијата во центарот на вниманието, да ја промовира, да ја зајакне својата позиција како кредибилен конкурент во индустријата на сајбер безбедноста.

Од првичната ревизија до крајното лансирање на новиот CyberOne бренд, обезбедивме широк спектар од нашиот бренд, дизајн и маркетинг услуги.

MetaPixels client responsive website mockup CyberOne

Единствено одговорно застапување низ целиот свет.

Дознајте како нашите наградувани решенија за сајбер безбедност може да му помогнат на вашиот бизнис.

Резултат

Ребрендирањето беше успешно. Новиот бренд на компанијата и помогна да ја зголеми видливоста, да го зајакне кредибилитетот, и да се постави како достоен конкурент во индустријата за сајбер безбедност.

Home Statements.

Home Statements нуди производи и услуги за подобрување за внатрешно и надворешно подобрување на домови. Овој семеен бизнис е комбинација од пасија за квалитетни подобрувања на домот со желба да се понудат вешти и доверливи изведувачи кои што можат да создадат неверојатни парчиња за домови и градини.

Тип на бизнис: Business-to-business
Тип на веб сајт: Corporate & LeadGen
Линк: homestatements.co.uk
Искористени услуги:

Како нова компанија, тимот на Home Statements побара неколку услуги, вклучувајќи брендирање, веб дизајн и изработка на веб страници и анализа на податоци. Ние ја хостираме и одржуваме нивната веб страница и обезбедуваме тековна оптимизација на истата, вршиме истражување и развој на конкуренцијата и клучни зборови како и услуги за развој, за константно придвижување на сообраќај кон нивната веб страница.

Соработувајќи одблизу со тимот на HomeStatements, успеавме да ги задоволиме нивните специфични потреби и помогнавме во започнувањето на нивниот бизнис. Постојаната поддршка која што им ја даваме, ќе придонесе компанијата да се зацврсти.

MetaPixels client responsive website mockup Home Statements

Направете го вашиот дом импресивен.

Дознајте како оваа возбудлива компанија може да направи вашиот дом да се издвои од останатите.

Резултат

Постојано високо рангирање на Google за многу врвни клучни зборови и константно растечки опсег на производи и услуги.

LearnChess.

LearnChess Academy е училиште специјализирано за учење на шах кое работи 24/7 онлајн и е со седиште во Обединетото Кралство. Компанијата склучува партнерства со училишта и родители нудејќи забавни и динамични услуги, користејќи ја последната мултимедијална технологија. Деца од сите возрасти постигнуваат успеси со онлајн и преку табла учење, игри, турнири задачи и работилници.

Тип на бизнис: Business-to-business
Тип на веб сајт: Informational & LeadGen
Линк: learnchess.co.uk
Искористени услуги:

LearnChess ја побара нашата помош за да допре до пошироката публика и да придобие нови клиенти. Создадовме нов идентитет на брендот за LearnChess за да ја зголемиме видливоста и кредибилитетот на компанијата. Содржината која беше објавена на нивната веб страница е со висок квалитет и оптимизирана за создадена за нивната таргетирана публика.

Ја редизајниравме веб страницата на LearnChess за да ја направиме попријатна и привлечна за корисниците, а потоа ја оптимизиравме страницата за пребарувачите со цел да се рангира повисоко во резултатите од пребарувањето. Веб страницата на WordPress која што ја направивме за LearnChess е лесна за користење и управување. И со MetaPixels хостирањето и управувањето со страницата, тимот на може да остане целосно фокусиран на развивање на нивниот бизнис.

MetaPixels client responsive website mockup Learn Chess Academy

Соработка со училишта и родители со цел да се инвестира во академските успеси на децата.

Дознајте повеќе како тие ги користат нивните техники за учење на деца од сите возрасти.

Резултат

LearnChess забележа значителен пораст на потенцијални клиенти. Успеаја да допрат до повеќе потенцијални клиенти и да имаат поголема продажба. Горди сме што им помогнавме да ги постигнат своите цели.

JA Brooks.

JA Brooks Mechanical Services испорачува иновативни, прилагодени и ефикасни цевководи и системи за одводнување за згради во широк опсег на сектори.

Тип на бизнис: Business-to-business
Тип на веб сајт: Corporate & LeadGen
Линк: ja-brooks.co.uk
Искористени услуги:

JA Brooks е компанија за механички услуги со седиште во Лондон, Англија. Компанијата е во бизнисот повеќе од 50 години и имаат силна репутација во таа индустрија. И покрај тоа, нивниот бренд и веб страница беа застарени и не го одразуваа иновативниот пристап како и карактерот на заедницата.

Откако го направивме ребрендирањето, дизајниравме и развивме нова веб страница која е фокусирана на тоа да биде функционална, информативна, лесна за користење и пребарување.

Исто така, имплементиравме и оптимизација на веб страницата за да има подобри можности за рангирање во пребарувачите.

MetaPixels client responsive website mockup JA Brooks

Компанија за механички услуги со богата историја и модерни начини на работење.

Дознајте повеќе како оваа напредна компанија може да ви помогне вам.

Резултат

Новото брендирање и веб страницата ги надминаа сите очекувања. Значително го подобрија имиџот на компанијата, давајќи му на тимот модерен бренд и веб страница што одговара на нивната мисија.

JF Automotive.

JF Automotive (JFA) е постројка за подесување на автомобили, која ги подесува возилата за зголемување на перформансите и на ефикасноста на горивата.

Нивниот наменски изграден објект за подесување е со седиште во Кент. Во центарот за истражување и развој, компанијата е горда на искуството на нејзиниот тим и големото знаење како и на исклучителната услуга на клиентите.

Со над 19.200 возила подесени во изминатите 12 години и 1100+ евалуации, тие се професионалци за подесување на автомобили. Нивните услови исто така покриваат делови за изведба и продажба на автомобили како и премапирање на ECU на моторот и на менувачот.

Тип на бизнис: Business-to-business
Business-to-consumer
Тип на веб сајт: Online Store
Линк: jfautomotive.co.uk
Искористени услуги:

Кога бевме контактирани од JFA, нивната веб страница беше многу слаба, пргледот на возилото на лице место беше неточно и бавно, а некои области од дизајнот на веб страницата имаа потреба од подобрувања и ажурирања.

Спроведовме ревизија на перформансите на веб страницата и ги направивме потребните промени со цел за веднаш да го подобриме искуството на корисниците.

Го пишувавме кодот за многу аспекти на логиката на веб страницата, за да го направиме поефикасен-намалувајќи многу процеси од преку 30 секунди дури по 3 секунди!

Драматично ги подобривме брзината и искуството на корисниците, за прегледот на регистрацијата на возилата, кој што покажува специфични производи врз основа на регистрацијата на возилото.

Исто така, направивме и REST API сервисен преглед на возилата, кој што ја презема информацијата од веб страницата на JFA и ја прикажува на веб локациите на трети страни на белата листа.

MetaPixels client responsive website mockup JF Automotive

JFA е водечка компанија за подесување на возила.

Дознајте повеќе за тоа како JFA може да ви помогне да го подобрите перформансот и ефикасноста на горивото на вашето возило.

Резултат

Подобрени критични процеси на веб страницата за преку 1,000%!

Подобрени страници за производи и купување за многу поубаво искуство на корисниците.

Three Counties.

Three Counties е компанија која произведува двојни стакла, со седиште во Кемберли, Суреј. Компанијата работи од 2003 година и има врвна репутација во индустријата за двојни стакла.

Тип на бизнис: Business-to-consumer
Тип на веб сајт: Corporate & LeadGen
Линк: threecountiesltd.co.uk
Искористени услуги:

Првично, бевме ангажирани за да ја преместиме нивната веб страница и податоците на клиентите од еден систем во два посебни:

  • WordPress за веб страницата и некои податоци на клиенти, информации за инсталации (вид и локација).
  • CRM за управување со потенцијални клиенти, постоечки клиенти и нарачки.

За да го постигнеме ова, создадовме специјална програма за екстракција на податоци за клиенти од нивниот стар CRM и посебен програм за внесување на тие податоци на новата WordPress веб страница, и посебен CRM. Ова им помогна многу на Three Counties да менаџираат со податоците на нивните клиенти и да ги следат потенцијалните клиенти.

Исто така, ја обновивме нивната постоечка веб страница во WordPress, со цел да можат поефикасно да ја менаџираат содржината и да ја оптимизираат веб страницата, со цел да можат да бидат на врвот од машините за пребарување за нивните услуги.

MetaPixels client responsive website mockup Three Counties

Three Counties за прозорци, врати и затворени градини.

Дознајте повеќе за тоа како Three Counties може да ви помогнат во врска со вашите барања за поставување на стакла.

Резултат

Успешна миграција на податоците на нивните клиенти и продажба и внесување во WordPress и нов CRM.

Тековно управување со оптимизација за да се задржат на врвот на машините за пребарување за нивните производи од стакло.

Which Nespresso.

Which Nespresso е веб страница за преглед на машини за кафе, првенствено Nespresso машини, заедно со партнерски линкови до продуктите на продавниците на Амазон.

Тип на бизнис: Business-to-consumer
Тип на веб сајт: Online Reviews & Affiliate Store
Линк: whichnespresso.com
Искористени услуги:

Which Nespresso имаше потреба од полесен начин за менаџирање со WordPress веб страницата, за подобро да ја менаџира содржината на истата. Тие, исто така сакаа веб страницата да нуди и продукти од Амазон, од Амазон продавници во различни земји.

Ние создадовме функционална и разновидна тема на WordPress која има совршено едноставен, модерен дизајн.

За интегрирањето на производите на Амазон, направивме прилагоден приклучок за  WordPress, кој што го користи API-то на производите на Амазон за динамично преземање на производите врз основа на географската местоположба на посетителот на веб страницата. Тие требаше да ги претстават производите на различни начини па вклучивме опции за:

  • Повлекување на производите со ASIN или клучни зборови
  • Прикажување на табели за споредба на производи
  • Прикажување на картички, копчиња и редови на производи

Исто така направивме и краткотраен кеш на производи за да го намалиме повикот до API на Амазон.

MetaPixels client responsive website mockup Which Nespresso

Which Nespresso обезбедува прегледи, споредби, водичи и друго за машини за кафе.

Веб страница лесна за управување која подржува динамично повлекување на производи од различни Амазон продавници, прикажување на ажурираните цени и достапност.

Резултат

An easy-to-manage website that supports pulling in Amazon products from multiple Amazon stores, dynamically, to show up-to-date pricing and availability.

MetaPixels team including Darko (web dev), Merv (digital marketing), Mile (web design), Pavel (social media), Goran (branding) and Vasko (web dev).

Ние сме овде, за да ви помогнеме да го проширите вашиот бизнис..